По повод Меѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Mарт, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска оствари средба со жените пензионерки од Здружението на пензионери, на кои им го честиташе овој ден.
Во оваа пригода, градоначалникот Мицевски им подари цвеќе и им посака многу здравје, среќа и радост.
– Секоја жена заслужува внимание и почит не само на овој ден, таа е двигател во светот во кој живее и постои, а исто така е баланс помеѓу самото семејство и работата, вклучувајќи се на сите страни од општествениот живот.Чувствувајте се посебно, чувствувајте се единствено и прекрасно затоа што овој ден е различен од другите и затоа се вика празник на жената, порача градоначалникот Мицевски.