Поставени нови корпи за отпадоци

Локалната самоуправа на Општината Крива Паланка и Јавното комунално претпријатие Комуналец  отпочнаа со реализација на обврските од Програмите за јавна чистота  и за управување со отпадот во градот, усвоени од Советот на Општина Крива  Паланка.

Една од приоритетните обврски беше набавка и поставување  на нови корпи за отпад за јавни површини како дополна или замена на старите и дотраени корпи за отпад. Од страна на ЈКП Комуналец обезбедени се 50 улични корпи за отпадоци  од кои во текот на изминатите неколку дена 20 корпи се поставени на главната улица Свети Јоаким Осоговски, на потег од Осички мост до Стара чаршија. Во текот на наредната недела вакви корпи за отпад ќе бидат поставени и на останатиот дел од главната улица  како и на пешачката патека покрај магистралната улица и големиот кејскиот зид на Крива Река. Паралено со оваа активност отпочнати се активности и за обезбедување на нови контејнери.

Со оваа ја потврдуваме нашата  приоритетна заложба Крива Паланка да биде чист град и пристојно место за живеење. Корпите за отпадоци редовно ќе ги чистат работниците за  одржување на јавната чистота, додека целосна контрола над користењето и одржувањето ќе ја вршат комуналните редари од Општината. Од друга страна пак граѓаните имаат обврска во случај на потреба истите да ги користат за да не се соочуват со казни.

Големина на фонт
Контраст