Третологашката екипа на кошаркарскиот клуб ,,Крива Паланка“ конечно заигра на домашен терен пред своја публика на 27.02.2011 одигрувајќи го натпреварот против КК ,,Гемиџии“ од Велес. Како што се очекуваше, велешани си заминаа убедливо поразени, со резултат 96-72. Понесени од оваа победа и од публиката која ја има улогата на шести играч на теренот, момците од тимот на КК ,,Крива Паланка“ и следниот дуел го добија во своја полза.
Викендов 06.03.2011 го одиграа натпреварот од 8 коло од 3 Лига против ,,Феникс 2010“, од Скопје, и по стекнатото високо водство од 20 поени во првата четвртина од мечот, не дозволија во ниту еден момент тоа водство да биде загрозено. И ,,Феникс“ остана пред ѕидините на неосвоивата тврдина – домашниот паркет на КК,,Крива Паланка“. Крајниот исход од овој дуел е 97-85. Наредното коло КК,,Крива Паланка“ игра против КК,,Про-баскет “ од Пробиштип на 13.03.2011, недела.