Формирано координативно тело на Општински сојуз на стопанственици

По иницијатива на градоначалникот Борјачо Мицевски вчера се одржа работен состанок со претставници на бизнис заедницата, а со цел формирање Општински сојуз на стопанственици.

Градоначалникот Мицевски,  истакна  дека формирање на општински сојуз произлегува од потребата на застапување и промовирање на интересите и правата на бизнис секторот во оштината, а во насока на подобрување на економскиот  развој и подобрување на социо-економската состојба во општината.

-Ние како општина стоимe на располагање на ситe потреби на стопанствениците, но формирањето на ваков сојуз може да придонесе кон подобро настапување на бизнис заедницата при Стопанаксата комора на Македонија, која има намера да финансира канцеларија со едно вработено лице, а ќе овозможи асоцијацијата на бизнисмени да ги следи и споделува повиците за искористување на  средтсва и од ИПАРД програмата, во областите на земјоделие, млекопроизводство, угостителство и туризам, исто така има и можност за искористување на грантови кои  Владата на РМ ги има предвидено, за обнова, реконструкција и инвестирање во разни стопански објекти, а се во насока на унапредување и  развој на локалната бизнис заедница, изјави градоначалникот Мицевски.

На состанокот беше формирано координативно тело на Општински сојуз на стопанственици во кое членуваат: Димча Велиновски, пекарско производство, од конфекционерство-Новица Величковси, Ангел Димитровски од градежништво, Ванчо Симонов-стопанство и Велинче Ангеловски, трговија.

Градоначалникот Мицевски предложи и иницијатива за воведување на награда – признание за стопанственик на годината, а со цел да се стимулира, унапредува и вреднува одговорното работење и вработените во компаниите.

–   Имаме и идеја локалните фирми да ги поттикнеме да инвестираат како општествено одговорни компании преку донирање на процент од данокот на добивка, во општинска фондација, од каде средствата ќе се инвестираат во развој на спортот, културата, за општествени добра и слично, дополни Мицевски.

Беше закажана и следна средба на која се охрабруваат да присуствуваат сите стопанственици од Крива Паланка со цел проширување на сојузот на стопанственици и негово ефикасно функционирање, за да се развива и унапредува целокупниот бизнис сектор во општината.

 

Големина на фонт
Контраст