Се одржа конститутивната седница на управниот одбор и одборот за контрола на матријално финснсиското работење на ЈП КАЛИН КАМЕН Крива Паланка

На 15 март 2018 година по покана на в.д.директорот на ЈП КАЛИН КАМЕН – Блаже Максимовски се одржаа конститутивните седници на управниот одбор и одборот за контрола на матријално финснсиското работење на ЈП КАЛИН КАМЕН Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски на почетокот на седниците им го честита изборот на членовите и им посака успешна и посветена работа за да може Крива Паланка да биде гасифицирана што во многу нешта ќе допринесе за побрз економски развој, почиста животна средина, зголемување на вработувањата и воопшто подобра социоекономска финансиска состојба на општината, а со тоа и да се следат светските економски развојни текови.

Најпрвин се одржа седницата на одборот за контрола на матријално финансиското работење на која присутните членовите именувани со одлука на Советот на Општина Крива Паланка Мери Младеновска Јовановска, Игор Стоиловски одлучија за претседател да го изберат Емил Златковски.

На седницата на Управниот одбор присуствуваа членовите исто така именувани со одлука на Советот на Општина Крива Паланка Благица Колевска, Љупчо Јосимовски, Маја Петковска, Стефан Додевски кои одлучија за претседател да биде изберена Александра Стамболиска Јовановска, а за заменик Дарко Стоилковски.

Од страна на в.д. директорот Блаже Максимовски  на седниците на одборите им го честиташе изборот на членовите и истакна дека со заедничка работа за активирање на ова јавно претпријатие општината ги создава предусловите за гасификација. Ги запозна присутните членови дека изготвениот проект во претходниот период веќе е разгледан од надлежните повисоки институции Влада и Министерства и по спроведување на соодветните постапки ќе може да се отпочне со негова реализација, со тоа што најпрвин ќе биде изградена примарната гасоводна линија, а потоа ќе следи изградбата на секундарните мрежи

Потоа беше разгледан Статутот на Јавното претпријатие и се превзема обврска за наредната седница да се подготви документација за негово сообразување со Законот за јавните претпријатија, Законот за енергетика и други поврзани законски прописи.

Беше завземен став седниците да бидат свикувани согласно на потребите, а поради интензивирањето на активностите за почеток со работа се одлучи да се одржуваат најмалку по две седници месечно. Исто така беше посочено дека треба да се користи искуството на други општини кои имаат формирано вакво јавно претпријатие.

Големина на фонт
Контраст