Реконструирана метеоролошката станица во Крива Паланка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија со Платежната агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со два милиони денари  реконструираа три главни  метеоролошки станици во државата: во Крива Паланка , Штип и Демир Капија.

Министерот за земјдоелство, Љупчо Николовски, денес  официјално го промовираше проектот со кој главната метеоролошка станица во Крива Паланка, дел од набљудувачкиот систем на Управата за хидрометеоролошки работи на Макеоднија е реконструирана прв пат, по изградбата во 1947 година.

-Владата на РМ во изминатиот период донесе низа одлуки и измени во програмитe со цел поголем дел средства да бидат издвоени за УХМР како дел од министерството. Издвоени беа три милиони денари за нов радар во Ѓуриште, Свети Николско, и за реконструкција на три метеоролошки станици во Штип, Демир Kапија и Крива Паланка. Ова  е еден од најрепрезентативните објекти, граден по втората светска војна, за кој што сметавме дека е битен и клучен во целиот набљудувачки систем. Владата ќе продолжи со поддршка на управата, заради тоа што еден од начините за справување со климатските промени и заштитата на вкупното земјоделско производство може да се постигне со модернизација на целокупниот сектор, изјави Николовски.

Посочи дека Министерство е во консултации со меѓународните пријатели и поддржувачи на Министерството со цел на секој можен начин да инвестира во овој сектор.

-Во таа насока и со преговорите со Меѓународна агенција за храна при ОН разговаравме и кон крајот на 2017 година беа инсталирани три агро-метеоролошки станици, во Кочани, Струмица и Градско, каде се наоѓаат главните производства на стратешки земјоделски култури во Макеоднија, ориз, градинарски и овошни култури, додаде Николовски.

Реконтруирани се фасадата, кровната конструкција и извршена е замена на целокупната столарија во главната станица во Крива Паланка, каде во моментот работат петмина лица, давајќи извештаи во УХМР на секој час.

На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјдоелието и руралниот развој, Николче Бабовски, директорот на Управата  за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски .

 -Станува збор за инвестиција од околу два милиони денари за трите метеоролошки станици во Штип, Демир Капија и Крива Паланка, додека дополнителни 3 милиони денари беа одвоени и за радар во Ѓуриште. Вработените од метеоролошката станица во Крива Паланка работат со покривање на 24-часа, во кои вршат мерења на параметри на секој час и ги доставуваат во УХМР. Тука има и автоматска станица која дава податоци исто така до серверите на управата, изјави Ивица Тодоровски, директор на УХМР.

Рече, работите на станицата во Крива Паланка се целосно завршени, додека во Демиркапија и Штип сеуште се во тек.

Големина на фонт
Контраст