Повторно се активира свлечиштето на патниот правец кон с.Дурачка Река

Големо свлечиште предизвикано од интензивните врнежи дожд затрупа поголем дел од патниот правец Крива Паланка – село Дурачка Река поради што целосно беа отсечени селата Дурачка Река, Станци и Дренак. 

– Одронот е на локација што претставува критична точка на овој патен правец. Механизацијата е на терен, екипи од Одделение за комунални дејности при општината и ЈП Комуналец со расположливите ресурси и механизација веќе работат на расчистување на теренот, изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Патот по брзата интервенција е расчистен во текот на денот и е поставена соодветна сигнализација, а дежурни екипи ќе продолжат да ја следат состојбата и во  текот на ноќта.

Се апелира до возачите да бидат внимателни поради опасноста од појава на нови одрони на овој патен правец. 

Големина на фонт
Контраст