Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка учествуваше на Меѓународниот турнир „Никон опен“ во Софија, Бугарија, на кој земаа учество 16 земји со над 1100 натпреварувачи. КК „Шампион“ учествуваше со 6 натпреварувачи, а најдобриот беше Вукашин Јовановиќ кој освои златен медал во категорија деца до 12 години, до 35 килограми, со вкупно пет победи.