Учество на Втората кампања за Безбедност на интернет

Учениците од Подрачното основно општинско училиште „Илинден“ с. Конопница учествуваат на  Втората кампања за безбедност на децата на интернет, организирана од Microsoft во Македонија, во соработка со Британски совет и УНИЦЕФ.

И оваа година, главниот фокус на настанот беше организирање на образовен форум, кој е во контекст со Европскиот ден за побезбеден интернет. Форумот имаше за цел да го привлече вниманието на пошироката јавност и да се истакне колку е важна безбедноста на децата на интернет, а истовремено и да ја зголемиме свесноста за улогата на наставниците, родителите и околината воопшто кога станува збор за оваа тема.

Пред учениците беше изведена мини театарска претстава со тематика за Безбедност на интернет.

Големина на фонт
Контраст