Во рамките на проектот „Симултано јакнење на општинските капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативнос“ во Општина Крива Паланка се одржа состанок со претставници од Сојузот на дефектолози. Координаторот на проектот Ана Поповска, административниот асистент Катерина Величковска и дефектологот Зорица Ристовска која е ангажирана за истражувања на терен во
основните училишта, ЈУ МЦСР Крива Паланка и дневниот центар за лица со посебни потреби се сретнаа со претставникот на проектот од Општината, Елена Станковска и раководителот на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, Душко Арсовски.
На состанокот се разговараше за реализираните и идните активности на проектот.
Општина Крива Паланка е дел од проектот „Симултано јакнење на општинските капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативност“. Проектот е во рамки на програмата CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.