Завршна прес конференција за успешно реализираниот проект „Грижа за стари лица“ од oпштинско-корисна работа 2017 година

Општина Крива Паланка успешно по втор пат  го заврши спроведувањето на проектот „Грижа за стари лица“ произлезен од Програмата „Општинско-корисна работа“ подржана од УНДП  од Програмата за развој на ООН, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Р.Македонија.

Овој проект започна по втор пат на 1 oктомври  2017 година и се спроведуваше во девет рурални населби Мождивњак, Длабочица, Т’лминци, Конопница, Станци, Дурачка Река, Узем, Костур и Жедилово, а во спроведување на проектот беа ангажирани 15 невработени лица кои спроведуваа повеќе видоиви на социјални услуги, а беа опфатени околу 170 корисници (мажи над 65 и жени над 62 годижна возраст).

Проектот траеше 6 месеци од 1 oктомври 2017 до 31  март 2018 година, за период од 6 месеци се спроведиени околу 700 посети месечно во домашни услови во рурални населби при што се давани различни видови на услуги.

Ангажираните лица  во наведените рурални населби во домашни услови овозможуваа дружење и комуникација со старите и изнемоштени лица, даваат морална и советодавна помош, спроведуваат превентивно здравствени активности од видот мерење на притисок, мерење на шеќер во крвта, мерење на температура, контрола на начинот на земање на лекови пропишани од матичен лекар, контрола на рокот на лековите, остваруваат и им овозможуваат комуникација со свои блиски, комуникација со институции, закажуваат термини за посети како и помагаат во обавувањето на разни домашни потреби од видот: набавка на намирници, плаќање на сметки, грижа за затоплувањето и облекувањето, приготвување на топли напитоци, помош околу хигиената низ домот, помош околу правење на ручек и многу други работи.

Во проектот беше  вклучено и лице кое има 100% слепило, со сертификат за физиотерапевт масер, кое е  ангажирано  во пет семејства  на територија на Крива Паланка и дава услуга масажа на лица кои имаат потреба од тоа.

УНДП обезбеди  вкупно  558.000 денари за плати на ангажираните лица, а Општина Крива Паланка учествуваше со 130.000 денари сопствени средства од Буџетот кои беа употребни за превоз на ангажираните лица до руралните населби, набавка на опрема и материјали и дополнително по 1000 денари за секое ангажирано лице за работниот ангажман.

Проектот логистички и советодавно беше потпомогнат и од Црвениот Крст на РМ –Општинска организација Крива Паланка за  што посебно им благодариме.

На ангажираните лица во проектот и програмата, Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Борјанчо Мицевски за успешно реализираните активности им подели соодветни потврди кои на наведените лица ќе им послужат како препорака при нивно аплицирање за одредено вработување.

 

Големина на фонт
Контраст