По повод 11-ти Март, Денот на Општинската организациона единица на ОРОРМ – Крива Паланка и 19- годишнината од преземањето на државната граница на Република Македонија, на поранешната караула „Рамна Нива“ се одржа свеченост, на која присуствуваа околу 60 резервни офицери, подофицери и гости, а присуствуваат и:
- Претседателот на ОРОРМ, проф.д-р Ѓорѓи Малковски,
- Потпретседателот на ОРОРМ, г-дин Ристе Петков,
- Претседателот на Советот на општината Крива Паланка, д-р Милка Митовска,
- Претставници од ПС за ОДГ Деве Баир,
- ПС за пасошка контрола Деве Баир,
- Царинска испостава Деве Баир
- Претседателите на ООЕ од општините: Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Виница и Велес и други гости.
Претседателот на Советот Милка Митовска ги поздрави присутните во името на Советот и Градоначалникот на општина Крива Паланка. Излагање даде Миле Јакимовски, претседател на Општинската организациона единица на ОРОРМ- Крива Паланка, кој истакна дека на овој ден, на ова место, точно пред 19 години, за прв пат во Република Македонија, беше преземена државната граница на Република Македонија, од тогашната ТО на Крива Паланка (денешен резервен состав на АРМ).
Свое обраќање имаше и Претседателот на ОРОРМ проф.д-р Ѓорѓи Малковски, кој посебно го истакна значењето на овој ден за Крива Паланка и Р. Македонија.