Клубот на пензионери „Достоинствен живот“ го прослави својот осми роденден

Општинската организација на Црвен крст, по повод осум години од формирањето на Клубот на пензионери „Достоинствен живот’’, денес во просториите на ЛУ Градски музеј организираше изложба на фотографии и уникатни изработки.  

На изложбата беа презентирани многу кративни рачни  и уникатни изработки од членките на Клубот, за кои градоначалникот Мицевски рече дека се добива впечаток дека изработките ги правеле луѓе со ведар и млад дух, кои имаат вткаено многу љубов, емоции и позитивна енергија.

Градоначалникот  Борјанчо Мицевски, заблагодарувајќи се на поканата, на членките на Клубот на пензионери им го честиташе осмиот роденден, посакувајќи им уште многу години успешна и креативна работа со желби да дочекаат и осумдесети роденден. Тој  во своето обраќање до пензионерките и волонтерите на Црвениот крст, предложи  иницијатива за формирање заедничка работилница со помладите генерации, со внучињата заради учење на вештините и умешноста на нашите баби и мајки, во изработката на вакви уникатни ракотворби, кои се значајно обележје и карактеристика на нашиот регион.

-Поканете ги пензионерите од соседните општини од регионот со кој природно сме поврзани, од Р.Србија и Р.Бугарија и покренете заеднички иницијативи за понатамошни ваши  дружења и идни вакви креативни активности,  а сето тоа ќе остане како траен белег на времето во кое живееме и твориме. Општината секогаш ќе ги препознае, поддржува и ќе помага во унапредување и проширување на ваквите активности,  порача на крајот,  градоначалникот Борјанчо Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст