На 15.03.2011 год. во рамките на своите редовни активности за посета на месните заедници, Градоначалникот со своите соработници беше во кратка работна посета на с.Луке. Поводот за посетата беше поврзан и со почетните активности на мешовитата австралиско-македонска компанија за истражни рударско-геолошки работи во атарот на с.Луке за утврдување на можноста за отворање на рудник.
Како што истакна Градоначалникот на средбата со месното население се работи за сериозна инвестиција од околу 60 милиони евра, која би се реализирала во понатамошниот период, доколку со истражувањето се потврдат предпоставките за наоѓалиште на антимонова, бакарна и златна руда. Тоа ќе придонесе за вистинско економско заживување на целата Општина, а најголем бенефит ќе има токму месното население од овој рурален реон бидејки непосредно ќе биде работно ангажирано од страна на компанијата.
Од страна на присутните кои пројавија голем интерес за средбата со одобрување и надеж беше прифатена целата идна инвестиција и беше ветена вистинска соработка и добар прием на изведувачите на истражните активности.