Меѓународни успеси на кривопаланечките млади пијанисти

Во конкуренција на седумдесетина учесници од повеќе балкански држави, осумгодишниот Михаил Митовски од Крива Паланка го освои второто место во дисциплина соло-пијано на седмиот Меѓународен натпревар „VIVAPIANO“ што се одржа во Софија.

Михаил Митовски е дел од класата на проф.Лариса Жулина Митовски, паралелката за основно музичко образование при Oсновно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.

-Успесите не доаѓаат случајно, Михаил и останатите млади музички таленти кои викендов пожнеejа бројни признанија се исклучително посветени, истрајни и силно мотивирани, па оттука и задоволството да се биде ментор на истите. Наградите се само стимул да продолжиме со нови сили кон нови успеси, рече Жулина -Митовски.

Покрај настапите и награди во Софија,  на третиот Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје викендов Леон Јанковски и Теодор Смиљков  го покажаа својот максимум во категоријата дует пијано и освоија прва награда, а наградени за второ место се дуото Ивана и Ивона Петковски.

На 56-от  Регионален натпревар за ученици по музика од основно музичко училиште во организација на музички и балетски педагози, кој се одржа во Скопје на 1 април 2018, учениците од паралелката за основно музичко образование при Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка од истата класа, во дисциплина пијано (соло) освоија високи резултати: Михаил Митовски, Леон Јанковски и Маја Тасевска се првонаградени, додека Сара Стојановска освои втора награда.

Големина на фонт
Контраст