Градоначалникот Мицевски организираше прием за кривопаланечките млади пијанисти, а по повод нивните бројни меѓународни успеси и во таа прилика им искажа голема чест и благодарност за досегашните резултати и придонесот во развојот на музичката култура и меѓународната афирмација на општина Крива Паланка.
-Големите успеси и признанија на домашната и меѓународната сцена се резултат на исклучителна посветеност, истрајност, креативност и силна мотивација, а наградите се само стимул да продолжиме со нови сили кон нови успеси, истакна проф. Жулина -Митовски.
Осумгодишниот Михаил Митовски од Крива Паланка го освои второто место во дисциплина соло-пијано на седмиот Меѓународен натпревар „VIVAPIANO“ што се одржа во Софија.
На Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје, викендов Леон Јанковски и Теодор Смиљков го покажаа својот максимум во категоријата дует пијано и освоија прва награда, а наградени за второ место се дуото Ивана и Ивона Петковски.
На 56-от Регионален натпревар за ученици по музика од основно музичко училиште во организација на музички и балетски педагози, кој се одржал во Скопје на 1 април 2018г. во дисциплина пијано (соло) освоија високи резултати: Михаил Митовски, Леон Јанковски и Маја Тасевска се првонаградени, додека Сара Стојановска освои втора награда.