Пробиен пристапен пат до населбите Трештен Дол и Баглак

Врз основа на повеќекратни барања во изминатите години на месното население од населбите Трештен Дол и Баглак за решавање на инфраструктурните проблеми во овој дел на градот, преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура беше пробиен и оформен пристапен пат  кон поголем број индивидуални станбени објекти.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски направи обиколка и увид во извршените работи и се сретна со месното население кое изрази голема благодарност што конечно е решен овој долгогодишен проблем.

 

Од страна на Градоначалникот беше речено дека во рамките на можностите на Општината ќе се настојува во понатамошниот период да се продолжи со градежните активности не само во овој дел од градот, туку и секаде каде од разни причини порано се занемарувани реалните инфраструктурни потреби на граѓаните.

Тек на градежните активности

   
   
   
   

 

 

Големина на фонт
Контраст