Kреативна работилница во OOУ „Илинден“ за важноста на водата за здравјето

Околу шеесетина дечиња од четврто одделение од основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка денес учествуваа на креативни работилници на кои учеа за важноста на редовното консумирање чиста вода и придобивките од свесноста за значењето на водата во целокупното функционирање на човековиот организам.

Работилниците се насловени  „Изворска – извор на креативноста“, а ги спроведува Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“ во соработка со специјален едукатор за обработка на полимерни глини- Марија Манева.

-Важноста на пиење вода и редовно консумирање вода со цел подобра здравствена состојба беше целта на денешните едукативни работилници на кои учениците работеа со поилимерни глини изработувајќи шишенца за вода-магнети, а низ работа и игра учеа за значењето и улогата на водата за нивното здравје. Поради исклучителната важност на темата, овој проект наречен „Извор на креативноста“ се реализира со поддрша на Министерството за образование и наука на Република Македонија и Биро за развој на образованието, а ние како училиште ги оворивме вратите за организаторите нудејќи им можност на дечињата за ново и несекојдневно, позитивно –едукативно искуство, изјави Марица Николовска, директор на ООУ „Илинден“, Крива Паланка.

Според Николовска, покрај дечињата кои директно беа вклучени во активностите, пораката од работилниците посредно ќе биде дисперзирана и до поширокиот круг на ученици, наставници и родители.

Покрај едукативниот карактер, работилниците помагаат за развој на креативностa, моторичките  и ликовни вештини на дечињата.

Караванот продолжи во основно општинско училиште „Кочо Рацин“, Куманово, а проектните активности опфаќаат околу 1.000 дечиња на возраст од 7 до 15 години од вкупно 12 училишта од Македонија.

Големина на фонт
Контраст