Општина Крива Паланка, водејќи грижа за правилниот развој на младите и популаризација на спортот на локално ниво, иницираше соработка со ракометната академија на Металург и за таа цел организираше формирање на ракометна школа во општината.
Ги повикуваме сите заинтересирани младинци и младинки да ја споделат оваа информација и да ја искористат можноста да се пријават за упис во ракометната школа. За сите подетални информации и за уписите во ракометната школа можете да ги контактирате тренерите на школата:
проф.Горан Цоневски на тел. 070 965 167 и
проф. Оливер Златковски со број на тел. 078 374 178.
Свеченото отворање на ракометната школа, ќе се оддржи во спортската сала „Петар Поп Арсов“ на ден 29.04.2018 г. (недела) со почеток од 11 часот, од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Општина Крива Паланка упатува отворена покана до сите заинтересирани и љубители на спортот да присуствуваат на овој свечен настан, кој на големо задоволство на младите го враќа ракометот во нашиот град.