Пингпонгарите од Крива Паланка постигнаа нови успеси и донесоа нови титули во пионерска и младинска конкуренција. Изминатите два викенда, на Пионерското и Младинско државно првенство освоија вкупно осум медали од кои 5 златни, 2 сребрени и една бронзена.
Во пионерска конкуренција, Анета Станковска стана државен првак за сезоната 2010/2011 во поединечна конкуреција, а во двојки шампионската титула ја освоија Деспина Станковска и Сандра Андовска, додека второто место им припадна на Дамјана Цветковска и Анета Станковска.
Во младинска конкуренција државни прваци и оваа година се Кристијан Станојковски и Амелија Уце во поединечна конкуренција, а второто место го освои Христина Христовска. Амелија Уце и Христина Христовска го освоија златото и во двојки, а во машка конкуренција Христијан Станојковски и Стефан Младеновски го освоија бронзениот медал.
Новите успеси на кривопаланечките пингпонгари го потврдуваат нивниот континуиран квалитет на државно ниво.