Експанзија на играта на теренот, експанзија на еуфоријата кај навивачите се зборовите кои ја опишуваат последната третолигашка средба на кошаркарите од КК „Крива Паланка“ со КК „Карпош Соколи“ од Скопје. Публиката следеше изедначена борба на двете страни во текот на целиот меч.
Шутрески настроените играчи на домашната екипа беа прецизни во клучните моменти од натпреварот и направија пресврт во последниот период од играта кога го свртеа резултатот во своја полза и не дозволија до истекот на последната секунда да се доведе во прашање победникот од дуелот.
Бројната публика беше „шестиот играч“ на теренот и им влеа дополнителна самодоверба на играчите. Ова е тешко извојувана, но во исто време и многу значајна победа за КК „Крива Паланка“ која им дава до знаење на останатите екипи од лигата дека салата „Илинден“ е бастион на КК „Крива Паланка“ пред чии порти останаа досегашните противници и оваа сала ќе остане неосвоива тврдина која можеби ќе се обидат веќе следните претенденти за влез во 2 лига да ја освојот, а тоа е екипата на „Борец баскет“ од Велес, но дали ќе успеат останува да видиме во сабота, 26.03.2011 во 14:00.
Да ги поддржиме кошаркарите како и до сега.