Во Уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка вчера беше отворена изложбата на фотографии „Москва денес“. Изложбата се реализира по повод Денот на победа над фашизмот, деветти мај, а е овозможена преку проектот „Музеум линк“ кој се имплементира во 28 институции ширум Македонија.
-Ние ја посветивме изложбата на Денот на победата над фашизмот, поместена беше денес поради бројните активности на одбележување на деветти мај во општината, а благодарение на Музеј на Град Скопје ние имавме можност преку изложби да ги запознаеме: Норвешка, Шведска, сега Русија и Москва, а во следнито период и Јапонија. Благодарение на мрежата на музеи сме поблиску до она што светот го прави диверзиран, истакна директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски.
Според Јасминка Намичева, кустос-советник во Музеј на Град Скопје и автор и координатор на проектот „Музеум линк“, целта на проектот се постигнуав преку доближување и овозможување на уметноста, пред се од странските мисии до сите точки од Македонија каде има галерии и изложбени простори, не само музеи, туку и национални установи – центри за култура.
-Мојот став е дека младите пред се, но и сите жители на Македонија, надвор од Скопје заслужуваат подеднакво да ги делат привилегиите на скопјани, да им бидат достапни културните настани, зашто културата е мост и преку културата се трудиме да ги поврземе сите 28 институции, порача Намичева.
Михаил Лушин, аташе на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, рече дека сликите ја носат убавината, доброто и човечкото лице на овој прекрасен и стар град, Москва.
-Ова позитивно расположение е оправдано бидејќи Москва се наоѓа на прво место во светот според интензитет и динамика на градежни активности, а Москва минува низ многу интензивен период на развој, модернизација на инфраструктурата, вовед на нови најсовремени архитектонски решенија и дигитални технологии, меѓу другото и управување со градско стопанство, рече Лушин. Според него Москва стекнува големо искуство кое може да го сподели со други градови, а нагласи и дека Москва е еден од градовите-домаќини на претстојното светско првенство.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, се заблагодари на можноста кривопаланчани да ја видат современа Русија низ приказ на импресивните фотографии, истакнувајќи дека без оглед каде се наоѓаме и какви вредности споделуваме, најважна од се е човечноста. Проектот „Музеум линк“ се имплементира од 2016 година и досега на годишно ниво седум изложби проциркулирале низ сите 28 институции кои се дел од мрежата