Изгаси ја светилката – Покажи ја поддршката

Министерството за животна средина и просторно планирање, ги повикува граѓаните на Република Македонија, масовно да ја поддржат глобалната акција „Час за нашата планета“ која годинава се организира под мотото „Изгаси ја светилката – Покажа ја поддршката“.

Акцијата ќе се одржи во сабота, на 26 март 2011 година, во 20:30 часот по локално време, кога сите заедно треба да ги исклучиме светилките на еден час и на тој начин, како граѓани на Планетата Земја, да ја покажеме нашата солидарност во борбата против климатските промени.

Покрај домаќинствата, голем придонес можат да дадат и сите останата потрошувачи на електрична енергија, како на пример кафулињата, рестораните, јавните објект, уличното осветлување и сл. Информации за светското движење можете да најдете на интернт страницата www.earthhour.org.

Треба само да ги исклучиме светилките и апаратите кои не ни требаат.

Дај свој придонес против климатските промени!

 

 

 

Големина на фонт
Контраст