Добрата соработка на Општина Крива Паланка со Мировниот корпус во Р. Македонија резултираше со одобрување на проектот “Внатрешно реновирање на просториите на територијалната противпожарната единица и создавање на услови за нов едукациски центар за младите од областа на противпожарна заштита”.
Проектот е аплициран од страна на Општина Крива Паланка до канцеларијата на Мировниот корпус во Р.Македонија во рамките на SPA Grants 2011- Small Project Assistance.
Висината на проектот е 7.000 долари, обезбедени од страна на Мировниот корпус преку SPA Grants 2011, сопствено учество на Општина Крива Паланка и ТППЕ-Крива Паланка.
Се надеваме дека овој проект е само почеток на добрата соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Мировниот корпус во Р. Македонија.