Награди од Интел за ОУ „Илинден“

Kорпорацијата Интел ги награди најкреативните наставници и училишта во Македонија за користењето на технологијата и иновацииите во наставата. Првата награда на национално ниво за користење на компјутерската технологија во наставата ја доби ОУ „Илинден“ од Крива Паланка. Од ова училиште на конкурсот аплицираа 9 одделенски наставници и тоа Живка Стоилковска, Јасминка Станковска, Соња Стојановска, Сузе Спасовска, Славица Ѓорѓиевска, Маја Стоилковска, Наташа Младеновска, Наташа Цветковска Стојановска и Добри Јовевски.

Добиената награда е ЛЦД проектор.

Првата награда за иновативно користење на технологијата во наставата ја доби одделенскиот наставник Добри Јовевски од ПООУ „Илинден“ с.Конопница за проект од предметот Општество – Креирање симбол на нивното одделение со помош на компјутерски алатки.  Тој и неговата училиница  беа наградени со Classmate персонален компјутер.

Наставниците кои учествуваа на конкурсот направија дигитални продукти кои можат учениците, родителите инивните  колеги, да ги гледаат, да учат и да ги подобруваат своите работни вештини во училницата.

Во програмата, која почна во ноември 2010,  учествуваа над 400 одделенски наставници и 137 основни училишта, а награди добија девет наставници и осум училишта од исто толку региони во земјава.

 

Големина на фонт
Контраст