Вчера во Општина Крива Паланка, по седми пат успешно беше реализирана акцијата Ден на дрвото. На 5 урбани локации беа засадени 300 брези и 300 дуглазии, додека во атарот на село Градец со овогодинешната пролетна акција се засадени вкупно 100 000 садници од баргрем и бор на површина од 20 хектари. Во акцијата активно учествуваа 3000 ученици, работници и дуги љубители и подржувачи на акцијата Денот на дрвото- да ја засадиме својата иднина.
Спроведувањето на акцијата го следеше заменик министерот во Министерството за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска, која го изрази своето задоволство што по втор пат е во Општина Крива Паланка. Задоволството e дотолку поголемо заради прилката да се сади заедно со учениците и наставниците од ПООУ „Илинден“ од с. Конопница што воедно беше и добра можност да им се честита за освоеното прво место на национално ниво, а потоа и гран-при награда на европскиот натпревар во организација на Мајкрософт со проектот “Бабини игри”, како и за освоентот првото место од Интел, што го освои ООУ „Илинден“ на национално ниво за примена на новите технологии во спроведување на наставата.
Потоа, градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски и општинските преставници во централната и локалната власт го посетија локалитетот за масовно пошумување во селото Градец.
Претседателот на клубот на денот на дрвото Стојанче Величковски особено се заблагодарува на раководителот и сите вработени во Подрачната единаца на шумското стопанство – Крива Паланка за несебичната подршка на акцијата, припремините активности на теренот и обезбедените садници, на општинскиот координатор за добрата координација на сите субјети во општината како и на сите граѓани и правни субјекти кои учествуваа во засадувањето.
(Повеќе фотографии во делот на фотогалерија)
Клуб „Ден на дрвото“
Крива Паланка