Градоначалникот Мицевски додели плакети за најуспешните млади кошаркарски амбасадори

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес имаше прим за двајца успешни спортски амбасадори на општина Крива Паланка, Горазд Величковски и Андреј Јакимовски.
Горазд Величковски е прогласен за најкорисен играч NMVP во младинска кошаркарска лига при македонска кошаркарка федерацијаво оваа натпреварувачка сезона. Тој пред два дена ја освои шампионската титула во младинска конкуренција до 15 години со клубот во кој настапува, Феникс 2010 од Скопје.
Андреј Јакимовски е репрезентативец на Македонија до 18 години, кој веќе ја има освоено NMVP титулата во европска младинска кошаркарска лига и е член на кошаркарски клуб ПМС Торино Италија.
Градоначалникот во оваа пригода им подари плакети на општина Крива Паланка и со посебна чест ги поздрави досегашните нивни успеси и им посака уште многу титули и успеси со македонската кошаркарска репрезентација.
Двајцата успешни млади кошаркари се вистински пример за големата пожртвуваност на родителите и општинскиот расадник за кошаркарски таленти, КК „Крива Паланка” и сесрдното залагање на тренерите Ведран Белешковски и Мирослав Ивановски.

Големина на фонт
Контраст