Почеток на градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Во месноста Десетак, во општина Ранковце, денеска беше означен почетокот на градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. На локацијата каде започна градбата присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, е во должина од 26 километри и широчина од 12,5 метри, со проценета вредност до 78 милиони евра. Станува збор за модерен пат со четири ленти, по две во двете насоки, со 22 мостови, две клучки, девет натпатници и 13 пропусти. Изградбата на овој пат е значајна за жителите на Крива Паланка и Ранковце, како и за целиот североисточен регион и за сите кои транзитираат кон Република Бугарија зашто ќе обезбеди побрз и побезбеден сообраќаен проток.

Овој инфраструктурен проект заедно со гасификацијата се клучни предуслови за содавање на поволна клима за развој на стопанството во општина Крива Паланка. 

 

 

Големина на фонт
Контраст