Согласно членот 104 од Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на Република Македонија, бр. 52/2010) организациите се должни во рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон да ги усогласат актите со овој закон и да извршат пререгистрација во Централниот регистар. Рокот за пререгистрација истекува на 24 април 2011 година.
Пререгистрацијата ќе се врши без плаќање на такса или друг вид на надоместок.
Сите подетални информации како и краток водич за пререгистрација на ГО, заинтересираните можат да ги најдат на веб страната на МЦМС www.mcms.org.mk.