ЗЕЛС спроведе советување на лицата за односи со јавноста на локалната власт

На 29 јуни 2018 година во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот се оддржа советување за членовите на Мрежата на лицата за односи со јавноста од општините на тема: Управувањето со внатрешната комуникација – важен услов за транспарентно работење на општината“.

ПР лицето од општина Крива Паланка, делегирано во Мрежата, беше покането пред присутните да ги презентира и сподели добрите практики на општината во спроведувањето на односите со јавноста. Во досегашното работење, Општина Крива Паланка е препознаена и призната како позитивен модел на отворена, транспарентна и услужна општина, која преку градењето на капацитетите на општинската администрација од една страна, и воспоставување на континирана доверба и  партнерски однос со граѓаните од друга, работи во насока на забрзан и квалитетен развој во интерес на сите, а за успехот во оваа област, говорат  и наградите и признанијата од релевантни институции и организации.

На работиницата од страна на претставникот на ЗЕЛС, г-ѓа Весна Арсовска-Динковска, беше нагласено, дека радува фактот што во континуитет локалните власти се повеќе посветуваат внимание на ангажирањето  на професионални лица за односи со јавноста, а веќе во некои единици на локалната власт (ЕЛС) се забележува и формирање на одделенија, па дури и на сектори за комуникации.  Имајќи во предвид дека оваа професија бележи најдинамични и најбрзи промени при нејзиното практикување, од особена важност е да се обезбеди континуирано надградување и обучување на овие лица, како и брзо и ефикасно меѓусебно споделување на искуствата што се стекнуваат во текот на работењето, па во тој контекст е и нејзиното залагање за брзо и ефикасно споделување на добрите практики од работењето во сите области кои се во надлежност на локалната власт. 

Големина на фонт
Контраст