Пингпонгарот Кристијан Станојковски од Крива Паланка го освои високото трето место на реномираното “Отворено првенство на Нов Белград-Стига куп” во силна конкуренција на најдобрите јуниори од Србија, Унгарија, Црна Гора, БиХ и Македонија. Првенството се одржа на 9 и 10 април во Белград, а пласманите од Стига купот се бодуваат за Европската ранг листа.
На турнирот учествуваа преку 300 пингпонгари во 3 категории- млади кадети, кадети и јуниори во машка и женска конкуренција.
Македонија ја претставуваа 14 играчи од Крива Паланка, Куманово, Скопје и Прилеп кои покажаа солидна игра и остварија добар пласман.
Пингпонгарите од Крива Паланка посебна благодарност изразуваат до нашиот сограѓанин Ристе Димитровски кој живее во Белград, за срдечниот прием и силната подршка штом им ја пружил за време на првенството.