На јавна расправа во организација на локалната самоуправа на Крива Паланка беа претставени и се дискутираше за сите аспекти на реализација на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Туристичка Фестивалска Атракција) “.
Присуствуваа претставници од општината, локалните институции, граѓани и сопственици на дуќани од овој реон на градот.
Општината го aпалицираше проектот во рамки на вториот повик за проекти финансиран со средства на Европската Унија (ИПА 2), а е менаџиран од страна на Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.
Првата фаза од истиот, како решение со зголемена функционалност и намена на просторот, е одобрена, а по јавната расправа и усовршување или дополнување на проектното решение треба да се аплицира како комплетно архитектонско-идејно решение.
Согласно намената на проектот и адаптација –уредување на просторот за туристички-фестивалски намени, архитектите проектрале четири простори –сегменти кои ќе бидат во функција на отворени сцени и локации за настап на разни видови уметници и артисти. Се е изготвено согласно постојниот урбанистички план, на локацијата на потег од основното училиште Јоаким Крчовски до мостот на Крива Река кај Градски музеј.
-Внимававме при решението да не се наруши функционалноста и начинот на живеење на жителите во овој реон, бидејќи ова е јавен простор, при тоа водејќи сметка ја добиеме намената. Иста е главната сообраќајна комуникација, но ќе се постави нова подлога од природен материјал- камен на улицата, со што ќе се успори сообраќајот, но ќе се става и нова одводна атмосферска и фекална канализација. Ќе се задржат нивоата на влез на постојните објекти на самиот плоштад, со спуштање се до ниво на новиот плоштад, а вертикално кон кејот на реката ќе се изгради и нов амфитеатар со капацитет од 130 гледачи и сцена за културни манифестации, концерти и фестивали, истакнаа од проектантската куќа.
Ќе се уреди партерно целиот простор, со додавање нови зелени површини, со фонтани, мали мобилни содржини за превентација и во функција на туризмот.
-Со проектот ќе се добијат и поголем дел простори за паркинг, на повеќе локации во околината на поголемите објекти, но и покрај пристапните улици, ќе се овозможи пристап до паркингот кај поштата од горниот крак на улицата, истакна градоначалникот Борјанчо Мицевски, според кој, ова е многу функционално, модерно архитектонско решение кое низ сугестиите и предлозите на сите граѓани ќе биде нешто со што ќе се промени комплетно ликот на централното градско подрачје.
Целиот проект инвестициски е вреден околу еден милион евра.