Здружението Агропалачанка започна со реализација на проектни активности со поддршка на Општина Крива Паланка

Здружението на жени, земјоделки, сточарки и домаќинки ,,Агропаланчанка“ започна со реализација на активностите од проектот  „Грижи се за сите, но и за себе“, кој е финансиски поддржан од Општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.

Активностите од овој проект се одвиваат во соработка со ПЗУ  Динчер Аш – Медика Истанбул од Тетово, а работилниците се оддржаа со  целните групи во с. Жидилово, с.Узем, с.Огут и с. Нерав, со кои беа реализирани обучувачко – дискусиони работилници, во кои учествуваа 40-тина учеснички од тој реон.

Фокусот на излагањето на лекарот-специјалист, гинеклолог д-р Македонка Наумовска, беше кон осознавање на учесничките за последиците од ненавремени и нередовни гинеколошки прегледи како превентива во заштитата на репродуктивните органи кај жената, а пред се појавата на малигни заболувања. Работилниците имаа интерактивен карактер, каде учесничките имаа можности да поставуваат и конкретни прашања поврзани со оваа проблематика.

На  учесничките кои пројавија интерес, а пред се кои се наоѓаат со ризик-фактор или чувствуваат одредени промени и проблеми, им беше овозможено примарно испитување со спиритометар, како една од методите за дијагностицирање на проблеми со белодробието.

По оддржаната работилница од страна на ученичките се наметна потреба од одржување на „фит-бек“ средба, на која ќе треба да се систематизираат и анализираат ефектите од одржаните работилници, како и да се изврши лоцирање на лицата – жени кои подолго време или воопшто не извршиле гинеколошки прегледи и ПАП тестови,  како резултат на лошата материјална состојба и други субјективни причини  (првични сознанија се дека има такви лица) и нивна финансиска подршка за спроведување на превентивен преглед.

Големина на фонт
Контраст