Општина Крива Паланка, деновиве изврши целосна санација на регионалниот пат кој води кон местото Голеш, с.Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу Р.Македонија, Р. Србија и Р.Бугарија, каде на 12.07.2018 (Петровден) ќе се одржи традиционалната трилатерална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2018“. Манифестацијата е во организација на општините Крива Паланка, Босилиград и Ќустендил. По тој повод државната граница ќе биде отворена во периодот од 07:00 до 19:00ч, и истата ќе може да се преминува со важечки лични карти или патни исправи.