Во општина Крива Паланка, денес се оддржа работлница за креирање родово одговорни политики и унапредување на родовата еднаквост, која е во рамките на регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање.
Овој проект има за цел зајакнување на капацитетите на општинската администрација и на Советот на oпштина Крива Паланка за креирање родово одговорно буџетирање и унапредување на родовата еднаквост.
Проектот се одвива во соработка и координација со канцеларијата на UN Women од Скопје застапувана од менторката за родово одговорно буџетирање, Кристина Хаџи Василева и координаторката за еднакви можности на жените и мажите од Општината, Лидија Митовска.
Тема на денешната работилница беше родовата еднаковост и носењето на одговорни политики, на која се дискутираше за родовиот идентитет, родовите улоги, за родова социјализација, родови стереотипи, родова рамноправност и родова интеграција, како и за принципот на недискриминација, кој е камен темелник за промоција на родовата рамноправност.
Родово одговорното буџетирање претставува процес низ кој треба да создадеме еднакво општество, во кое ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин, тоа е алатка што треба да се спроведе во практиката и да стане реалност во нашите локални заедници и во државата.