Министрите Сугарески и Николовски во работна посета на Крива Паланка

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, денес оствари работна средба со министeрот  за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата се разговараше за проектите кои тековно се имплементираат  во општината  и она што следува во претстојниот период на инвестициски план.

Во рамки на посетата, министрите  и градоначалникот Мицевски направија обиколка и увид  на активностите кои се однесуваат на реконструкција на водоводната мрежа во општина Крива Паланка и реконструираниот регионалниот пат  Р 2245  (Крива Паланка – с. Огут).

  -Морам да искажам задоволство пред се од проектот на Министерство за транспорт и врски кој е завршен, во делот на водоводната мрежа во дел од  централното градско подрачје, околу 3 километри каде се заменети азбестно-цементните цевки. Исто така сакам да најавам два проекти за кои општината во Минситерство за траспорт и врски има аплицирано и очекуваме преку министерството до Европска инвестициона банка двата проекти да бидат реализирани.Едниот се однесува во делот на замена на водомери, а вториот за поврзување на водоводна мрежа во дел од општината. Моите очекувања се апликацијата да заврши во најбрз можен рок, средствата од ЕИБ да бидат одобрени, така што за очекување е двата проекти наскоро да отпочнат со имплементација во оваа општина, истакна Сугаревски.

Градоначалникот Мицевски пред присутните изјави дека, добрите политики кои беа креирани во изминатиот период, се имплеменитирани и на локално ниво. Во минатото овој патен правец беше во многу лоша состојба со намалена безбедност во сообраќајот и отежнато движење на моторните возила. Сега со задоволство можеме да констатираме дека регионалниот пат е целосно реконструиран со што се подобрија условите за патување, комуникација и севкупно се подобри животот на голем број граѓани кои тука секојдневно минуваат.

 -За само еден месец во Крива Паланка се инвестирани околу 30 милиони денари, од кои дел за замена на азбестните цевки и подобрување на водоводниот систем во градот, а второ и во патната инфраструктура се инвестирани 15 милиони денари. Тоа е само пресек на сето направено во изминатите денови, а на денешната средба се разговараше и за сето она што како крајна перспектива ќе биде направено во овој регион. Она што е како глобална политика во регионот, разговаравме што ќе се вметне за имплементација во 2019 година. Овој пат е последен пат асфалтиран  во 1982 година, што не смее да се повтори во нареднито период, да не може да се инвестира во нов асфалтен слој 3 децении, а на ова треба во иднина многу повеќе да се работи, за подобрување и на патната инфраструктура и подобрување на бизнис климата со што ќе се запрат и миграциите и во општината ќе создадеме подобри места за живеење,   истакна Мицевски.

Министерот Николовски истакна дека како член на Економскиот совет на премиерот, благодарен е  за поддршката на Економскиот совет и на ниво на Влада каде се носат клучните одлуки, за поддршката која ја добиваат од минстерот Сугаревски и министерството за крупните проекти кои се поддржни во овој регион.

-Правевме се да се забрза експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, се работи на ретендерирање на втората фаза на делницата за железнинцата, а се одобрени и дополнителни 70 милони евра грант, со што е заокружена и постапката на финансирање. Работиме на третата фаза и  за други крупни проекти за овој регион, зашто се пред се  од интерес на граѓаните, рече Николовски.

Големина на фонт
Контраст