Координативен состанок  на Локалниот  совет за превенција во Крива Паланка

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оддржа редовен координативен состанок со претставниците од Локалниот  совет за превенција во општина Крива Паланка.

Темата на информативно-координативниот состанок беше,  превентивното делување во однос на пожарите кои се јавуваат  во  летниот период.

Како што рече градоначалникот Мицевски, во превентивниот пристап првично  треба да предвидиме заеднички мерки и  активности  за заштита на белите дробови на општината, а како втор сегмент во кој треба да го насочиме нашето делување, е заштита на шумскиот појас и зелените површини од нелегална сеча на огревно дрво.

-Локалниот совет за превенција пред се треба да соработува и функционира во интерес на граѓаните и во таа насока, како локални авторитети, сме должни да ја оправдаме довербата, парнерски и меѓусекторски да ги координираме активностите во решавањето на актуелните локални проблеми од безбедносен карактер, а во таа насока е и денешниот состанок, истакна градоначалниот Мицевски.

На денешниот состанок на Локалниот совет за превенција присуствуваа претставници на Полициска станица од општа надлежност-Крива Паланка,  Регионален центар Север, Регионален центар Исток, Црвен крст, Шумска полиција, ТППЕ Крива Паланка,  ЈП Комуналец, Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување. 

 

Големина на фонт
Контраст