Во текот на денешнит ден градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари работна средба со командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Павле Арсоски и неговите соработници од Армијата на Република Македонија.
На средбата се разговараше за значењето на соработката помеѓу овие две институции, како и за формите и начините за продлабочувањето и унапредувањето на истата.