Вечерта 19.07.2018 година во Градскиот музеј Крива Паланка со почеток во 20.00 часот беше отворена ретроспективната изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а се одржува во рамки на Кривопаланечкото културно лето.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски во свето обраќање пред бројните посетители истакна дека во рамки на Кривопаланечкото културно лето се предвидени повеќе настани меѓу кои и оваа изложба со што се збогатува културниот живот во општината, се промовираат локалните автори, а воедно упати пофални зборови за делата кои се изложени во рамки на изложбата. Директорот на ЛУ Градски Музеј Драган Величковски дадено воведно излагање за самиот автор и за делата, а самиот автор Игор Додевски се заблагодари на гостите кои со своето присуство ја збогатија изложбата.
Целиот настан помина во пријатна атмосфера со разгледување и прослава на 20 години ретроспектива на аматерско творештво.