Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА и додели Признание на Општина Крива Паланка за најдобро адаптирана веб страница за лица со попреченост.
Општина Крива Паланка во насока на подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер за лицата со попреченост воведе модул за веб пристапност на официјалната страна на општината www.krivapalanka.gov.mk.
Модулот содржи алатки за промена на големината на фонтот, прилагодување на бојата на контрастот и на линковите во зависност од потребите на корисниците како и исклучување на анимациите кои кај одредени лица може да предизвикат фотоепилептични напади.
Општина Крива Паланка ќе продолжи и понатаму во насока на исполнување на начелата кои се опфатени во водичот за пристапност на веб содржини, објавен од Иницијативата за веб пристапност (WAI) на Конзорциумот W3C, а со цел обезбедување задоволителен пристап за лицата со инвалидност кои користат помошни технологии за работа со компјутери и интернет.