Општина Крива Паланка отстапи на користење сопствени деловни простории без надомест за потребите на Министерството за труд и социјална политика заради адаптирање на истите за пријавен центар.
Во тек се градежни активности за реновирање на просторот и адаптирање во центар кој ќе го олесни пристапот на граѓаните до услугите во делот на социјалната заштита и заштитата на децата.