На ден 26.07.2018 година со целните групи од с.Жидилово (по трет пат) и Крива Паланка (прв пат) беше реализирана обучувачко-дискусиона средба во рамките на проектот ,,Грижи се за сите, но и за себе“ во организација на здружението ,,Агропаланчанка“ од Крива Паланка. Проектот е финансиран од буџетот на Општина Крива Паланка, а се имплементира во соработка со приватната болница ,,Медика Истамбул-Тетово“.
Тема на презентацијата беше грижата за здравјето на жената преку поголемо информирање и едукација, навремена дијагностика и идентификација на медицинските проблеми во врска со гинеколошкото здравје.
Презентер и водач во дискусијата беше д-р Македонка Наумовска, специјалист гинеколог од приватната болница ,,Медика Истамбул-Тетово“.