Здружението „Центар за младински иницијативи Цик-Цак“ од Крива Паланка, денес оддржа тркалезна маса на тема: Младите во Крива Паланка-состојби и предизвици.Тркалезната маса се одржува во рамки на проектот „Чекор поблиску“, кој е финансиран од страна на општината по Јавниот повик за финасиска поддршка на здружнија и фондации.
Проектот има за цел унапредување на општествената состојба на младите во Крива Паланка преку дефинирање на потребите на младите и јакнење на врските помеѓу младите, младинските организации и општината.
Во рамки на тркалезната маса, беа презентирани резултати од анализата на анкетниот прашалник, кој ова здружение го има спроведено, а кој се однесува на проблемите и потребите со кои се соочуваат младите на локално ниво, кој е спроведен на репрезентативна бројка од 312 лица на возраст од 14-29 години.
Како следна фаза од овој проект е предвидено издавање на публикација за кокретните анализи, заклучоци и препораки, како и електронски пристап до анализите и податоците со кои ќе располага ова здружение.
.