Делегација од општина Крива Паланка во посета на Лугож во Романија

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Мицевски во периодот од 14 до 16 август 2018 г. е во посета на збратимениот град Лугож во Романија. Посетата е на покана на градоначалникот на Лугож, г.Францис Болдеа, а по повод празникот на градот Руга Лугојана.

Согласно програмата за прослава на празникот градоначалникот Болдеа  одржа состанок со градоначалниците на збратимените градови.  Градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред присутните им го честита празникот на граѓаните на Лугож и ја истакна подготвеноста на Крива Паланка за продлабочување и унапрдување на соработката која започна со чинот на збратимување во 2011 година.

Градот Лугож организира низа културни настани по повод прославата на Руга Лугојана, а забележливо е и масовното присуство на  утринската и вечерната миса во чест на празникот.

Големина на фонт
Контраст