На 24 август (петок) започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. На 14-то фестивалско издание, кое ќе трае три дена, ќе настапат фолклорни ансамбли од Турција, Србија, Северен Кипар, Бугарија и Македонија.
Фестивалот ќе започне со свечено дефиле низ градот во 18 часот, а граѓаните ќе може да ги проследат настапите на фолклорните друштва на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.