Прием за учесниците на 14. Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Претставници на фолклорнитe ансамбли и друштва-учесници на 14-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка беа гости на градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој организираше прием на делегациите во неговиот кабинет, укажувајќи им чест што се гости на градот, на фестивалската програма во деновите кога се одбележува и празнува во општината.

-Спортот е репрезент на една држава, а фолклорот и кулутрата се амбасадори на државата. Чест ми е што сте денес мои гости и да имам можност, би сакал секој ден да се дружиме и да разменуваме искуства и да ги надградуваме пријателствата. Гордост и убавина е да се види се она што сите учесници како разноликост на фолклор во државите кои ги претставуваат го поседуваат. Чест е да се има ваква можност да се прикаже одликата на посебностите на културите, битот на државите и нивните традиции. На овој фестивал досега се создадени трајни пријателства, кои прераснале во соработка на повеќе полиња, а се иницирани и збратимувања на општините од кои доаѓаат. Во таа насока, ве поканувам да ги поттикнеме градовите кои ги претставувате да бидат наши збратимени градови, им порача на претставниците на фолклорните ансамбли Мицевски.

Од страна на градоначалникот  на Испарта, Турција, веќе беше покрената иницијатива за отпочнување на збратимувањето со Крива Паланка.

-Нашиот град е град на розите, познат е и по јаболката, но и по добрите луѓе кои веќе испратија писмен документ за почеток на постапката за збратимување. Благодариме за поканата да бидеме дел од вашиот прекрасен фестивал, срдечно сме пречекани и се чувствуваме топло, како дома, рече Јусуф Зија Ѓунајдин, градоначалникот  на Испарта.

Претставниците на делегациите од Србија, Северен Кипар, Македонија, Бугарија ги пренесоа своите позитивни искуства од, како што велат, еден од најголемите фолклорни фестивали во регионот и пошироко, кој собира на едно место стотици играорци и репрезенти на кулурата, преку дружба и пријателства.

Беа разменети сувенири и подароци, а од градоначалникот Мицевски сите добија и промотивни материјали и подароци за спомен од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст