На покана од градоначалникот Славомир Ковалевски, делегација од општина Крива Паланка, предводена од претседателката на Совет Изабела Павловска, оствари официјална посета на збратимената општина Млава во Полска.
Посетата беше по повод одбележувањето на 100 години од Првата светска војна и 79 години од почетокот на Втората светска војна.
Претставниците од двете општини разговараа за поинтензивна соработка во иднина на проекти во сферата на образованието, културата и традицијата.