Премиерот Зоран Заев ја посети општина Крива Паланка во рамки на прославата на Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со претставници на Владата на Р.Македонија, присуствуваше на прославата на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица  кој традиционално и масовно се прославува во Општина Крива Паланка.

Прославата започна со свечената литургија во црквата „Св. Димитрија“ во Крива Паланка, а потоа продолжи со Литијата во чест на Свети Јоаким Осоговски.

Премиерот Заев присустуваше на свечената литургија во црквата  посветена на  Богородица во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски, а подоцна заедно со градоначалнкот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, претставници од Владата на Р.М.и други видни гости од регионот и пошироко, присуствуваа и на пуштањето во употреба на реконструраните општински сали.

Реконструкцијата на т.н. голема и мала сала при Општина Крива Паланка е реализирана  во рамки на проектот  „Промоција на туристичките атракции во 3D” финансиран од IPA CBC програмата на ЕУ, аплициран од страна на Општина Крива Паланка преку  Североисточниот плански регион.

Проектот успешно се реализираше и Општина Крива Паланка сега располага со најсовремена сала за 3D презентации, која што е опремена со најсовремена  ИТ опрема, кабини за симултан превод и адаптибилен мебел и ентериер, кој ќе овозможи брза и лесна адаптација на салата во однос на потребата за која што ќе се користи.

Реконструираните сали освен за потребите на Oпштина Крива Паланка ќе бидат достапни за користење на сите институции, здруженија и групи на граѓани од североисточниот регион на РМ.

 

Големина на фонт
Контраст