Општина Крива Паланка и Амбасадата на Кралството Шпанија имаат чест да Ве поканат на отварањето на филмскиот циклус ВИКЕНД СО ШПАНСКИ ФИЛМ со проекција на филмот „Среќни 140“.
Првата проекција е закажана за 07.09.2018 г. (петок) со почеток во 20 часот на плоштадот Карпошово востание (доколку недозволуваат временските услови настанот ќе се одржи во НУ Центар за култура) .
Во периодот од 07.09. 2018 г. до 11.09.2018г. граѓаните ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која е светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката.
Филмовите се во селекција на Амбасадата на Кралството Шпанија. Влезот за проекциите е бесплатен.