Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров во посета на Крива Паланка

Денес во посета на Крива Паланка беше министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во кратката официјална посета беше разговарано за перспективите и предизвиците со кои се соочува општината како и за актуелизирање на прашањето со граничните премини кон Босилеград и Трговиште.

-Главните маки кои ги има градот по разговорот со градоначалникот можам да видам дека се инфраструктурата и повеќе работни места со пораздвижена економија, а тоа е тесно врзано со она дали Македонија ќе ја отвори вратата да оди напред или ќе се врати назад во изолација, изјави министерот Димитров.

Според него, поминаа 27 години и една цела генерација остана во заложништво, а младите за жал, како што рече, ја бараат европската иднина со туѓ пасош и одат надвор.

Тој посочи дека Крива Паланка е своевиден пионер во градење пријателства со соседите, бидејќи реализирала голем број европски проекти во рамки на прекуграничната соработка, користејќи ги ЕУ фондовите, а подоцна, односно дури минатата година Република Македонија го склучи Договорот со Бугарија.

 

Големина на фонт
Контраст